Според најновата ранг-листа на платформата за патувања „Трипадвисор“ виенската зоолошка градина Шенбрун се најде на петотот место во светот според нејзината омиленост кај посетителите.
Вкупно 2.932 корисници напишале за своите искуства во зоо-градината Шенбрун, од кои 2.122 посетители ја оцениле со „одлична“, 631 со „многу добра“, а во коментарите има и многу пофалби.
Секоја година платформата „Трипадвисор“ ги објавува таканаречените „победници според изборот на посетителите“, кои се бираат според милиони оценки и мислења на патниците.
Одлучувачко за ранг-листата е колку често и колку добро е оценета некој зоо-градина за последните 12 месеци.
Минатата година виенската зоо-градина Шенбрун го зазеде осмото место.