Тројца убиени во напад врз воен објект во Дијарбекир

Од:

Еден турски војник и двајца борци на Курдистанската работничка партија (ПКК) денеска се убиени во напад на милитантите врз воен објект во југоисточната провинција Дијарбекир, соопштија турски безбедносни извори.

Во нападот на милитантите ранети се уште најмалку четворица војници и едно лице, пренесоа британските медиуми.

Судирите во Турција во последните неколку дена станаа се почести. Освен на југоисток од земјата, населен главно со Курди, пред два дена беа нападнати и една полициска станица во Истанбул и американскиот конзулат во овој град на Босфорот.

Истовремено, турската армија ги интензивира воздушните напади врз упориштата на ПКК како во Ирак, така и во самата Турција, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган истакна дека кампањата против ПКК ќе продолжи „до последниот терорист“.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ