Почнаа уписите на Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“

Од:

Почна првиот уписен рок на факултетите и академиите на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип. На 12 факултети и три  академии за ликовна, музичка и филмска уметност ќе може да се запишат вкупно 5.390 студенти, од кои 3.172 како редовни, 1.208 редовни со кофинансирање и 1.010 вонредни студенти.

Проректорот за настава на УГД-Штип,  Емилија Јаневиќ – Ивановска, вели интересот е во рамките на очекувањата.

– Вообичаено, во првите часови од пријавувањето најмногу интерес имаше за Факултетот за медицински науки, како и за Правниот факултет, а  се очекува, како и минатата година, и техничките факултети да ги пополнат очекуваните квоти, вели Јаневиќ-Ивановска.

Таа забележува дека оваа година имаат интерес од страна на ученици чии родители одамна се иселиле во странство и затоа се во постојан контакт со Министерството за образование за нострификација на нивните дипломи и начинот како да се запишат на некои од факултетите.

На Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ до 10 часот се запишале од 450 до 500 студенти, а раководството на Универзитетот очекува бројот на запишани студенти во прва година да биде идентичен како и минатата година, односно да се запишат од 3.000 до 3.500 студенти.

Пријавувањето на кандидатите во првиот уписен рок ќе се одвива и утре и задутре (13 и 14 август). Кандидатите преку веб-страницата на УГД  www.ugd.edu.mk ќе можат онлајн да ги следат ранг-листите и своето место на нив, а официјалните резултати, односно решенијата за упис од првиот уписен рок ќе бидат објавени на 21 август.

Запишувањето на примените кандидати од првиот уписен рок ќе се врши на 24 и 25 август, кога ќе се реализира и вториот уписен рок.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование