Поезија од 50-тина автори во новиот двоброј на „Акт“

Од:

Педесетина поети од сите генерации се застапени во најновиот двоброј на списанието за книжевност и култура „Акт“, кое излезе деновиве од печат.

Според главниот и одговорен уредник на списанието Братислав Ташковски, овој летен двоброј на „Акт“ е мало, но вистинско поетско освежување за сите кои веруваат во силaта на песната.

– Поезијата е подвижен празник и таа треба постојано и силно да се прославува, да се слуша и да се препорачува. Ова не треба да се прави за поетите, ова е неопходно за песната, за постоењето на поезијата, за да можеме гордо да го оправдаме нашето постоење. Затоа, мои драги пријатели, треба секогаш да се пишува, посебно тогаш кога мислиме дека ни е најтешко и дека нема мостови за нашиот спас. Затоа, како што би рекол единствениот Хемингвеј, подвижниот празник треба постојано да врти и да илуминира. Да не потсетува нас (но да ги допира и другите) дека уметноста, посебно поезијата, во комплетно антипоетско време, мора да се разбере како совршенство, ќе рече Ташковски во уводникот кон двобројот.

Во ова издание на „Акт“ се поместени содржини посветени на творештвото на Тодор Чаловски, како и на поетите Иван Василевски и Драган Илиевски – Гари, кои не се веќе меѓу нас. Донесува и нова поезија од наши истакнати автори како Славе Ѓорѓо Димовски, Лидија Димковска, Трајче Кацаров, Виолета Танчева Златева, но и голем број млади поети и автори како Елена Пренџова, Мерсиха Исмајловска, Ристе Иракоски…

Присуството на многу млади македонски поети во овој број на „Акт“, според Ташковски, го покажува поетското богатство во земјава.

– Тоа не е изненадување, тоа е дел од празникот, бидејќи македонската поезија е креативен процес кој се надградува и секогаш освојува. Нивните песни се посебен предизвик, нивното пеење е глас што најавува доаѓање на нови поетски изобилства, а нивната поетика е стабилна естетска платформа која се движи кон срцевината на убавината. На сите им посакуваме голем успех, верба и упорност. Нека имаат добра мисла и сигурна размисла, вели Ташковски.

На стотината страници објавени се и неколку раскази,  осврти, препеви, како и текстови од областа на театарот.

Списанието може да се набави во книжарницата „Три“ во ГТЦ,

Би можело да ве интересира

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид

Жан-Пјер Симеон: Поезијата е начин на живот, насушна потреба да се каже не за вредностите што ни се натиснуваат и го уредуваат светот