Чешкиот тенисер Томаш Бердих изјави дека Новак Ѓоковиќ му е најлош ноќен кошмар на теренот.
Помеѓу останатото Томаш Бердих рече дека кога би можел да бира кој фудбалер би бил, би го избрал Меси.
„Мојот најлош ноќен кошмар на теренот? Па Новак Ѓоковиќ“, рече Чехот низ смеа, кој во меѓусебните дуели со Србинот има победено само еден од 11 мечеви.
„Што се однесува до моето мислење, совршениот тенисер би го имал сервисот на Џон Иснер, бекхендот на Новак Ѓоковиќ, а форхенд, да речеме мојот. Кога зборуваме за движење по теренот, тоа би бил хибрид од Ѓоковиќ и Надал“, вели Бердих.