Ердоган го тужи прокурдскиот лидер Селахатин Демирташ за навреда и клевета

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го даде на суд копретседателот на прокурдската Демократска партија на народите (ДПН) Селахатин Демирташ за навреда, клевета и обвиненија, јавуваат турските медиуми.

Против Демирташ се поднесени две одвоени дела за кои претседателот бара отштета за нанесена морална штета во вкупна  вредност од 70 илјади турски лири, односно околу 23 илјади евра.

Првото дело се однесува за говор на курдскиот лидер на 28 јули пред парламентарната група на неговата партија, а второто е поврзано со изјава на Демирташ на 3 август 2015 година во централата на Социјалистичката партија на угнетените во врска со нападот во јужниот град Суруч на 20 јули, во кој загинаа 32 лица.

За првото судење бараната отштета е во висина од 50 илјади турски лири или 16.300 евра, а за втората 20 илјади турски лири, односно околу 6.500 евра.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ