Најмалку 40 лица загинаа во изминатите два дена како последица на топлотен бран, што го погоди Египет, јавија египетските здравствени работници.
Министерството за здравство соопшти дека 19 лица починале во понеделник, кога температурите достигнаа околу 40 степени Целзиусови во северниот дел на земјата, додека од топлото време во неделата животот го загубиле 21 лице.
Поголем број жртви се стари лица, се наведува во соопштението на министерството.
Во Каиро, град со 18 милиони жители, животот го загубиле 16 лица.