Турција ги зајакна бомбардирањата врз курдските бунтовници

Од:

Турски воени авиони бомбардираа позиции на курдските бунтовници во југоисточниот дел на Турција, еден ден по жестоките судири во земјата во кои загинаа најмалку девет лица.

Турската војска денеска соопшти дека нејзини авиони во текот на ноќта бомбардирале 17 позиции на Курдската работничка партија (ПКК) околу планината Бузул и во областа Икијака во провинцијата Хакќари, која се граничи со Ирак и Иран.

Припадниците на ПКК утрово отвориле оган врз базата Акдизин во провинцијата Сирнак, при што е убиен еден војник.

ПКК во изминатите недели ги зајакна нападите против турските безбедносни сили, додека турски авиони бомбардираат нејзини позиции во северниот дел на Ирак, како и цели на групата Исламска држава во Сирија.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ