Полскиот премиер и новиот претседател се судрија за нивната прва неодржана средба

Од:

Полската премиерка Ева Копач изјави дека се уште не е поканета на средба со новиот претседател на земјата и инсистира на ваквата средба да присуствуваат и клучните министри од Владата, пренесоа американските медиуми.

Изјавата на Копач е знак за нараснатата тензија меѓу највисоките полски лидери, забележуваат агенциите.

Конзервативниот претседател Анджеј Дуда во четвртокот стапи на новата должност и притоа повика на соработка со владината екипа од либерални опоненти. Тој изјави дека сака да се сретне со Копач за да ги разгледаат неговите планови за социјалната политика, но притоа не определи датум за средбата.

Копач денеска изјави дека Дуда треба да го свика министерскиот совет, што ги вклучува клучните министри од Владата, затоа што, според неа, тоа може да помогне во донесувањето на одлуките.

Политичките коментатори очекуваат Дуда, кој е од опозициската партија на Правото и правдата, до претстојните парламентарни избори во октомври да одржува заладени односи со Владата на либералната партија Граѓанска платформа.

Би можело да ве интересира

Одмаздољубива жена е виновникот за принудното слетување на патнички авион во Подгорица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплавен е северот на Италија: Ова е полошо и од најлошите прогнози

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Олександр Усик е уапсен на аеродромот во Краков

(ВИДЕО) Полска: Водата однесе автомобил со деца, исчезна цел град, настрада познат хирург

Европа под вода, во Краков е најавена вонредна состојба

A1on

Поплави во Полска: Едно лице се удави, 1.600 луѓе евакуирани