Најмалку 24 лица беа убиени и 55 ранети во експлозија на автомобил бомба на пазар во градот Бакуба, во источен Ирак, информираа британските медиуми, повикувајќи се на локалните власти.
Во друга експлозија, источно од градот, загинаа уште седум лица и 25 беа ранети.
Засега никој не ја презел одговорноста за нападите.