Турската левоекстремистичка група Револуционерна партија и фронт за народно ослободување (ДХКП-С), соопшти денеска дека нејзин член го извршил нападот врз генералниот конзулат на САД во Истанбул, соопшти групата на својот сајт.
Во изјава на ДХКП-С се вели дека САД се „непријател на народите на Блискиот Исток“.
ДХКП-С, која се смета за терористичка организација од САД и Турција, презеде одговорност за слични напади во минатото, вклучувајќи за самоубиствениот бомбашки напад врз амбасадата на САД во Анкара во 2013, при што беше убиен чувар.