Нападот врз конзулатот на САД во Истанбул го извршиле две жени левичарки

Од:

Нападот врз конзулатот на САД во Истанбул го извршија денеска две жени, од кои едната е уапсена, потврдено е од кабинетот на гувернерот во Истанбул, а за нападот е обвинета радикалната марксистичка група Револуционерен народен ослободителен фронт (DHKP-C).

Една од напаѓачките подоцна е фатена во блиската зграда и е хоспитализирана, јави Анадолија и наведе дека е идентификувана како 42-годишна Хатисе Асик и дека е припадничка на забранетата DHKP-C.

Од кабинетот на гувернерот е соопштено дека полицијата е во потрага по друга жена која учествувала во нападот.

Во претходен извештај се наведува дека нападот врз Конзулатот во истанбулскиот дистрикт Сариер го извршиле маж и жена и оти никој не е повреден во тој напад, што уследи неколку часа по бомбашкиот напад врз полициска станица во истиот град, во кој се убиени тројца напаѓачи и еден полициски службеник, а ранети се десет лица.

Истанбулската полиција потврди во соопштение дека тројца полицајци и седум цивили се ранети во експлозијата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ