Горан Стефановски ќе одржи предавање во ЛГБТИ Центарот

Од:

Почнува нова сезона на Читачкиот клуб во ЛГБТИ Центарот за поддршка. Сезонава ќе ја отвори Горан Стефановски со предавање за неговиот најнов драмски текст „Figurae Veneris Historiae“, кој својата изведба ја имаше минатиот октомври во Словенско Народно Гледалишче во режија на Александар Поповски.

Книгата во Македонија ја издава „Табернакул“ и ќе има своја промоција во Охрид на 19. август, а претставата ќе биде изведена на фестивалот Охридско лето на 20. август.

Инсприрацијата за текстот авторот ја црпи од култниот научник Магнус Хиршфилд, еден од првите кој организирано почнува кампања за застапување, односно менување на законот за декриминализација на хомосексуалноста (Параграф 175) во Германија на почетокот на дваесетиот век.

Предавањето насловено како „Од првата идеа до првата ноќ“, Стефановски го подготвува за „Institute for practice based research in arts“ во Велика Британија, а ќе се одржи во ЛГБТИ Центарот на 12 август (среда), со почеток во 20 часот. После предавањето ќе следи и разговор со авторот

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

„Бела ноќ“ во Скопје

Условна казна за скопјанец кој нападна припадник на ЛГБТ заедницата