„Мојата куќа во Крст-џамија“ најдобар расказ на конкурсот „Живко Чинго“

Од:

Расказот „Мојата куќа во Крст-џамија“ на авторот под шифра „Куќа“ е годинешниот добитник на наградата „Живко Чинго“, во рамки на конкурсот за најдобар расказ што традиционално веќе 27 години ја распишува Општина Охрид во знак на почит кон делото на познатиот писател од охридскиот крај.

Како што истакна претседателот на Жири-комисијата Смиле Наумоски – Брсјак, расказот „Мојата куќа во Крст-џамија“, споредбено со останатите 73 пристигнати трудови, заради композицијата, силината на уметничкиот израз, повеќеслојноста на расказот и пораките што ги дава, заслужува да биде награден како најдобар.

Наградата на лауреатот ќе му биде врачена на културната манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ што секоја година се одржува на 13 август, роденденот на овој познат македонски прозаист и драмски писател, во неговото родно место, селото Велгошти, Охридско.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска