Патувачкото кино на „МакеДокс“ во Дебарца

Од:

Патувачкото кино на „МакеДокс“ од денеска до 22-ри август ќе посети десет села во областа Дебарца и ќе овозможи синеастичко доживување со документарни филмови од својата програма.

Годинава патувачкото кино ќе ги посети селото Волино (10 август), с. Белчишта (11 август), с. Издеглавје (12 август), с. Мешеишта (14 август), с. Слатино (15 август), с. Ботун (16 август), с. Злести (18 август), с. Оровник (19 август), с. Лешани (21 август) и село Велмеј (22 август).

Патувачкото кино е старо колку и Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ и веќе шеста година со своето патувачко магаренце ги посетува подзаборавените, а восхитувачки убави региони во Македонија.

Целта на Патувачкото кино, како што велат од Здружението за промоција на документаристика „МакеДокс“,  е непосредно да влијае во процесот на децентрализација на културата во државата и да овозможи кинопроекции во мали и рурални места, кадешто жителите немале можност за синеастичко доживување повеќе од 40 години.

„МакеДокс“ го реализира Патувачкото кино со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на РМ, во соработка со Кинотеката на Македонија и сопствено вложување во проектот.

Би можело да ве интересира

Oтворен повик за петтата генерација „Докуникулци“ на „МакеДокс“

Ана Ололовска

Четвртото издание на МакеКоПроДокс форумот на 13. „МакеДокс“ на 22 август почна со затворена сесија на Балканската мрежа

Ана Ололовска

Отворена изложбата „Спојка“ на почетокот на четвртиот ден на 13. „МакеДокс“

Ана Ололовска

Отворање на 13. „МакеДокс“ на 18 август во Куршумли-ан

Ана Ололовска

Земја во фокус – Чешка на 13. МакеДокс“

Ана Ололовска

Бесплатна филмска проекција за загревање за 13. „МакеДокс“

Ана Ололовска