Киосците за брза храна ги измислиле Римјаните?

Од:

РТС – Белград

Тоа што денес имаме киосци за брза храна, каде можеме да купиме плескавици, рол-виршли или парче пица при прошетка, треба да заблагодариме на Римјаните.

Уличните тезги, на кои се продаваат разни работи, измислени се токму во нивното време.

– Храната за носење била составен дел од секојдневниот живот на Римјаните, од солени грицки кои ги јаделе додека гледале борби со гладијатори во Колосеум, до колбаси и пржени риби кои ги купувале за да прекаснат по релаксирачка бања во своите прочуени бањи.

Да се нахранат 50 милиони луѓе не била мала работа, како што покажува изложбата посветена на храната и земјоделието во времето на Римското царство која е организирана во италијанскиот главен град.
Недостигот на храна се заканувало да предизвика нереди, па дури и да доведе до убивање на тогашните власти. Првиот римски цар Октавијан Август (63. п.н.е – 14. н.e.) не сакал да се изложи на тој ризик и затоа навремено увезувал и правел резерви на пченица, масло, вино и други производи, што влијаело на прехранбените навики на неговите поданици.

Типичен римски ден почнувал со јентакулум (ientaculum) т.е. појадок, солен леб, сушено овошје и јајца со млеко или вино.

Подоцна Римјаните на брзина јаделе прандиум (prandium) т.е. ручек, во термополии, вински бистроа кои воедно биле и коцкарници и бордели.
Во предвечерјето богатите Римјани приредувале раскошни банкети на кои се послужувале најразновидни јадења од јазик од паун до печени полжави, додека остатокот од населението вечерале чорбести јадења од зеленчук во кои понекогаш се наоѓало и по некое парче месо.

– Логистиката која Римјаните ја спроведувале за да го нахранат своето население е фасцинантна – рече за АФП Оријета Росини, кустос на изложбата Ara Pacis, истакнувајќи колку било тешко да се нахранат милион луѓе, колку што живееле во тој најмодерен град во пред индустриската ера.

Римјаните во текот на цела година од Египет увезувале жито кое во товари од по 500 тони се превезувало со приватни бродови од Александрија до Рим, под стриктна контрола на државата во еден од најраните примери на соработка на приватниот и државниот сектор, рече Росини.

Царот бил единствен дистрибутер на насушниот леб, единствен одговорен за доставување на храната – наведе таа.

Август ја зголемил својата популарност така што секој месец 20.000 граѓани, слободни мажи постари од 17 години, бесплатно добивале по 35 килограми брашно. Исто така, Рим во големи колични увезувал масло, месо, како и вино, чија цена во малопродажбата била багателна.

Иако на нивните трпези често се наоѓале егзотични јадења, римските императори најмногу сакале овошје и зеленчук: Тиберије обожувал краставици, а Август сакал аспарагус, вели Росини.

Јагленисаните остатоци од храна најдени во текот на археолошки ископини во Херкуланеум, град уништен кога е уништена и Помпеја во ерупцијата на вулканот Везув во 79 година, покажуваат дека Римјаните биле почетници не само во медитеранската исхрана, туку и на глобализацијата на храната, денес присутна речиси во сите супермаркети.

Имено, виното го увезувале од Галија и Кипар, маслото од Андалузија, медот од Грција, а гарум ферментиран рибен сос кој многу го конзумирале, го увезувале од Португалија.

Храната за Римјаните била таков приоритет што царот Диоклецијан (284–305) вовел строга контрола на цените, иако некои намирници не биле достапни за многу жители, како на пример пилешкото, кое било исклучително скапо.

На пример, фурнаџија кој заработувал 50 сребреници дневно, морал да издвои 60 за да купи две пилиња, 30 за литар неаполско вино, 12 за 300 грама свинско и 4 за 25 смокви.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ