Кризата ја намали потрошувачката на пиво во Србија за една третина

Од:

Економската криза резултираше со намалување на потрошувачката на пиво во Србија за дури 33 отсто во однос на 2008 година, објави Б92.

Според податоците на пивопроизводителите, во 2008 година во Србија биле испиени шест милиони хектолитри пиво, додека лани потрошувачката била сведена на околу четири милиони хектолитри.

Директорот на „Апатинската пивара“, Дарган Радивојевиќ вели дека намалувањето на потрошувачката на пиво во Србија е последица на вкупниот пад на куповната моќ на српските граѓани, кои „немаат доволно пари да ги задоволат своите потреби“.

Според него, освен економската криза и падот на животниот стандард, на намалувањето на потрошувачката на пиво влијае и фактот што младите, кои се глави конзументи на пивото, се иселуваат од Србија и земјата се соочува со проблем со старосната структура на населението.

– Покрај ова, тука е големата стапка на невработеност меѓу малдите, што е дополнителен проблем не само за пивската индустрија, туку и за останатите стопански гранки и за целата земја, додава Радивојевиќ.

Тој посочува дека друг проблем за пивската индустрија во Србија е и поветинувањето на пивото, чија цена во првите шест месеци од годинава е намалена за четири отсто, со што пиварите се соочуваат со полоши финансиски резултати во споредба со претходните години,

– Станува збор за фундаментална промена во пивската индустрија во Србија, констрира Радивојевиќ, додавајќи дека со сличен проблем со намалување на продажбата на пиво поради кризата се соочуваат и другите земји од балканскиот регион, но дека за разлика од Србија, во нив тој пад изнесува меѓу пет и седум отсто.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници