Во јули пониски трошоците на живот

Од:

Трошоците на живот во јули  во однос на јуни годинава се намалени за 0,7 проценти, а цените на мало за 0,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Во јули годинава во споредба со јули лани трошоците на живот се намалени за 0,4 проценти, а цените на мало за 1,4 проценти.

Намалувањето на трошоците на живот од 0,7 процент во јули годинава, во споредба со претходниот месец, е резултат на пониските индекси на свежиот зеленчук за 18,9 проценти, свежото овошје за 2,7 проценти, јајцата за 1,7 проценти, сувомесните производи за 0,8 проценти, конзервираните месни производи за 0,6 проценти, конзервираниот зеленчук за 0,5 проценти, свежото млеко за 0,4 проценти, полутрајните колбасичарски производи за 0,3 проценти и безалкохолните пијалоци за 0,2 проценти.

Намалување на трошоците на живот е забележано кај болничките услуги за 5,8 проценти, средставата за чистење и одржување на станот за 2,2 проценти, обувките за 1,3 проценти, електричните апарати – големи за процент, електричната енергија за домаќинствата и течните горива и мазива за 0,4 проценти.

Пораст на трошоците на живот во јули годинава во споредба со претходниот месец, е забележан кај тутунот за 5 проценти, сувото овошје за 1,4 проценти, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1,1 процент.

Во јули пораст на трошоците на животот е забележан и кај услугите за сместување за 13,2 проценти, лековите за 3,5 проценти, информатичката опрема за 3,1 процент, туристичките пакет-аранжмани за 2,6 проценти, гасот за домаќинствата за 1,3 проценти, облеката, мебелот и текстилот за домаќинствата за 0,3 проценти.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он