Полска – од појдовната до крајната точка на мигрантите

Од:

Ал Џезира – Доха

Голем број мигранти кои се обидуваат да дојдат во Европската унија, стигнуваат во Италија, Грција и Шпанија, а само мал број завршуваат во централноевропските и балтичките држави. Меѓутоа, по неодамнешната одлука на Европската унија, секоја земја членка ќе прими пропорционален број на мигранти.

Украинецот Руслан и неговата ќерка, деновите ги поминуваат во азилантски центар недалеку од Варшава. Избегале од Доњецк поради судирот на украинската војска и проруските сепаратисти. Се плашат дека ако не добијат бегалски статус ќе бидат депортирани.

– Многу ни е убаво тука. Храната во овој центар е добра, а и персоналот е љубезен кон нас. Пред да дојдам тука бев во азилантски центар во Шведска, но не беше ни блиску толку убаво како тука – вели Руслан.

Овој центар е дом на многу семејства кои пребегале од Украина и од Кавказ, јавува од Варшава новинарот Харун Карчиќ за Ал Џезира.

– Руслан е еден од околу 50 баратели на азил кои се наоѓаат во овој прифатен центар недалеку од Варшава. Тој тука ќе остане се додека надлежните институции не одлучат дали тој ги исполнува условите за статус на бегалец. Тоа некогаш знае да потрае и до две години – додава тој. Оваа година, рекорден број на мигранти стигнуваат во ЕУ, многу од нив се бегалци од Јужна Азија и северна Африка поради војната и лошите услови за живот.

Полски водоинсталатер

Некои, како Чеченците, кримските Татари и Украинците, доаѓаат по копнени патишта. Но голем број користат морски рути за да стигнат до италијанскиот, грчкиот или шпанскиот брег. Тоа создава голем притисок на тие медитерански држави. Само мал број од нив доаѓаат во земји како Полска. – Ако ја погледнеме претходната година, 8.500 луѓе аплицирале за бегалски статус. Го добиле само 260 лица. Но, мораме да имаме на ум дека државата доделува и други видови на статуси за загрозени лица, како супсидијарен статус на заштита и т.н. статус на толерирани лица. А такви доделивме околу 400 – наведе Ева Пиечота од државниот Завод за странци.

Затоа ЕУ донесе одлука бројот на азиланти пропорционално да се подели во земјите членки.

Полска треба да прими околу 2.000 до крајот на годината, а како што велат од невладиниот сектор тоа предизвикува негодување кај дел од полското општество, дури понекогаш и ксенофобични напади.

– Народот на Полска не знае многу за бегалците. Не можат да ги разликуваат бегалците од мигрантите. Сметаат дека тоа е иста категорија на луѓе. Кога зборуваат за лица од Сирија, Палестина или Руската Федерација, тогаш зборуваат за економски прашања и ги обвинуваат бегалците дека им ги зимаат работните места и местата во образовните институции. Едноставно, Пољаците не се свесни за хуманитарниот проблем на тие луѓе – вели Виктор Бак од НВО Оцелание.

По влезот на Полска во ЕУ, голем број на економски мигранти од таа држава создадоа мит за т.н. полски водоинсталатер, кој се сели во Западна Европа барајќи подобро платена работа. Сега состојбата се менува и Полска од држава од каде потекнуваат мигранти, станува нивна дестинација.

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази