Жена прегазена на влезот од Гостивар, се бори за живот

Од:

Четириесетгодишна жена е тешко повредена откако на неа налетало возило во близина на надвозникот за влез во Гостивар. Жената со тешки повреди на нозете и ‘рбетот е пренесена на скопските клиники каде лекарите се обидуваат да и го спасат животот.

Според СВР Тетово. собраќајната несреќа се случила синоќа околу 21.30 часот кога А. З. (40) се обидувала да премине преку коловозот во близина на седиштето на секцијата на „Македонија пат“. Во тој момент на неа налетало возило „фиат“ со австриски регистерски ознаки кое го управувал А.А. (36) од гостиварското село Падалиште.

Жената била набрзо пренесена во гостиварската болница од каде како итен случај и во тешка состојба е пренесена за Скопје.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Тетово, по што ќе бидат познати поединостите кои довеле до несреќата.

Би можело да ве интересира

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Еден загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

Горан Наумовски

Аца Лукас имаше сообраќајка, денешниот концерт во Битола е одложен

Горан Наумовски

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски