Речиси 80 отсто од територијата на Португалија е зафатена од голема суша, бидејќи осум месеци врнежите од дожд се многу ретки, соопшти португалската метеоролошка служба.
Во месечниот извештај на службата се наведува дека просечното количество врнежи од дожд минатиот месец изнесувало 3,5 милиметри. Вообичаеното ниво за овој месец е речиси 14 милиметри.
Јули бил потопол месец од вообичаеното, со просечна дневна температура од 23,2 степени Целзиусови, што е за еден степен повисока од просечните температури кои се мерат од 1971 година.
Поради исклучително сушната зима и пролет постои поголема опасност од шумски пожари.