САД ветија награда од пет милиони долари за фаќање на мексиканскиот наркобос Хоакин Гусман

Од:

Американската Влада вети награда од пет милиони долари за информација која ќе доведе до фаќање на избеганиот затвореник, мексиканскиот наркобос, Хоакин Гусман, пренесоа светските агенции.

Американските власти сметаат дека Гусман се уште е во Мексико и веројатно се крие во својата родна држава Синалоа.

Американски федерални агенти работат заедно со мексиканските власти на неговото фаќање.

Гусман минатиот месец избега од еден од најобезбедуваните затвори во Мексико, преку тунел, долг речиси 1,5 километар, и ископан точно од под неговата ќелија.

Мексиканските власти, исто така ветија награда од 3,8 милиони долари за фаќањето на наркобаронот, чие богатство се проценува на приближно една милијарда долари.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија