Кери: Годишнината од бомбардирањето на Хирошима ја подвлекува важноста на договорот со Иран

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска изјави дека 70-годишнината од бомбардирањето на Хирошима покажува колку е важен нуклеарниот договор со Иран, пренесоа американските медиуми.

На средбата со јапонскиот колега Фумио Кишида, на самитот на АСЕАН во Куала Лумпур, Кери кажа дека годишнината од Хирошима е „многу, многу силно потсетување“ за постапките во војната и нејзините последици, кои и денеска се чувствуваат од луѓето и земјите.

Кери додаде дека годишнината ја демонстрира и важноста на договорот со Иран, што, според американската администрација, на Техеран нема да му дозволи да разработува нуклеарно оружје.

Тој посочи дека денеска САД и Русија работат на кастрењето на постојните нуклеарни арсенали.

Кери истакна дека денеска САД и Јапонија ги поврзуваат добри односи.

-Ние сме големи демократии, кои заедно работат и ги споделуваат исти вредности, имаат заеднички поглед на иднината, рече американскиот државен секретар.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот