АМСМ: За Тетово-Јажинце алтернативни патишта

Од:

Кај село Порој во прекин е регионалниот пат Тетово – Јажинце, а како алтернативни патни правци се користат: Тетово – Требош – Џепчиште и Желино – Шемшево – Јегуновце – Теарце, соопшти изутринава Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Патниот правец Тетово – Попова Шапка е исчистен и сообраќајот се одвива нормално во двата правци. Делот од коловозот на регионалниот пат Тетово – Јажинце, кај село Доброште е исчистен и на тој дел од патот сообраќајот е нормализиран.

Поради надојдена вода на Вратничка река, целосно е оштетен мостот кој сообраќајно ги поврзува селата Горно Орашје и Нераште.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска