Најмалку 32 лица загинаа, 40 се повредени и петмина се водат како осчезнати при излетување на два воза од шините во индиската држава Мадхија Прадеш, соопшти локалната полиција, која ја координира спасувачката операција.
Двата воза, кои се движеле во спротивна насока, излетале од шините околу полноќ. Надојдената река го поплавила мостот и ја поместила основата врз која биле поставени шините. Шест багони од експресниот воз „Камајани“ и четири вагони од експресниот воз „Џаната“ излетале од шините.
Според првичните информации, главната причина за смртта на патниците е струен удар, некои од нив паднале во реката, а некои го загубиле животот како последица од уништување на вагоните при падот.
Повеќе од 300 патници се евакуирани и безбедни. Нуркачи се обидувале да ги извлечат луѓето од вагоните кои паднале во реката.