Турските националисти би можеле да поддржат малцинска влада на АКП

Од:

Турската националистичка Партија на националистичкото движење (МХП) соопшти дека би поддржала формирање на малцинска влада на Турција на исламистичката-конзерватина Партија на правдата и развојот (АКП), доколку таа се согласи на одржување предвремени парламентрани избори во ноември.

Потпретседателoт на МХП, Семих Јалчин изјави дека неговата партија не е подготвена да поддржи „обична малцинска влада на АКП“, но дека би можело да се разговара за нејзина поддршка доколку таа спроведе предвремни парламентарни избори.

– Би можеле да поддржиме малцинска влада на АКП под услов да спроведе избори во ноември, нагласи Јалчин.

Од одржувањето на редовните парламентарни избори во јуни, на кои АКП по 13 години го загуби мнозинството во Парламентот, партијата се обидува да пронајде партнер за формирање коалициска влада.

Трите опозициски партии МХП, социјалдемократската Републиканска народна партија (ЦХП) и курдската Демократска партија на народите (ХДП) заедно имаат мнозинство пратеници во Парламентот, но националистите ја исклучуваат можноста за формирање коалиција со партијата на Курдите.

МХП дури ја одби и понудата на ЦХП за формирање малцинска влада меѓу двете партии, поддржана од ХДП, чиј премиер би бил лидерот на националистите Девлет Бахчели.

Согласно Уставот, од доделувањето на мандатот за формирање нова влада од страна на претседателот Реџеп Тајип Ердоган на актуелниот премиер Ахмет Давутоглу минатиот месец, на АКП и остануваат уште три недели да се обиде да пронајде коалициски партнер или самата да формира малцински Кабинет.

По изборите ЦХП и МХП објавија дека одбиваат да влезат во коалиција со АКП, но последниве недели видливо е омекнување на ваквите нивни ставови. Финасиските кругови во Турција како најпосакувано сценарио го оценуваат формирањето на „голема коалиција“ меѓу АКП и ЦХП.

Аналитичарите пак како уште поверојатно сценарио го посочуваат формирањето на коалиција меѓу АКП и МХП, поради иделошката бликост на двете партии, но националистите поставија „црвени линии“ за таквата соработка, кои вклучуваат откажување на исламистите од воведување на претседателски систем во земјата, прекин на мировниот процес со Курдите и повторно отворање на истрагата за корупцискиот скандал што ја потресе Владата кон крајот 2013 година.

Доколку не биде формирана нова влада Турција би можела да се соочи со предвремени избори веќе во октомври, на кои според последните анкети на јавното мислење, не би имало речиси никаква промена на односот на силите меѓу партиите во Парламентот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ