Експлозија избувнала синоќа на дел од гасоводот Баку-Тбилиси-Карс-Ерзурум, што се наоѓа во турскиот округ Карс во близина на градот Саракамаш, јави Анадолија. Преносот на гас преку гасоводот е прекинато. Причините за експлозијата се истражуваат.
На 29 јули терористи го разнесоа делот од нафтоводот Киркук-Јумурталак, по кој во Турција се пренесува нафта од автономниот реон на Ирачки Курдистан.
Според некои податоци, загубите на ирачката курдска администрација од прекинот на транзитот на нафта, се проценуваат на 200 милиони долари.