Германската компанија за спортска опрема „Адидас“ му понуди на НБА играчот Џејмс Харден спонзорски договор од 200 милиони евра за 13 години.
Кошаркарот на Хјустон до неодамна имаше договор со „Најк“ и се очекува во скоро време да биде познато дали американската компанија е подготвена да му понуди иста сума како „Адидас“ што е услов на Харден тој да го продолжи договорот.
Во случај „Најк“ да не сака да даде 200 милиони долари, Харден ќе влезе во семејството на заштитни лица на „Адидас“ каде се и Дерик Роуз, Демијан Лилард и Џон Вол.
Со кого и да потпише, Харден ќе заработува 15,4 милиони долари годишно, а со евентуални бонуси сумата може да достигне и до 16,8 милиони.