Издавачката куќа „Антолог“ го објави романот „Армада“ од бразилскиот автор Жоао Жилберто Нол на македонски јазик.
Романот е објавен во 1993 година и важи за едно од најнаградуваните дела на латиноамериканската книжевност. „Армада“ е добитник на наградата „Жабути“ за роман на годината во 1994 година, а списанието „Браво“ ја сместува меѓу стоте најдобри бразилски дела на сите времиња. На македонски романот го преведе Марија Ристовска.
– Најпознати дела на Жоао Жилберто Нол (1946) се романите „Хотел Атлантико“ и „Армада“. Во „Армада“ Нол претставува лик што талка во главниот град на една измислена држава од Латинска Америка. Се подразбира дека земјата е пародија на Бразил, на нејзиното општество и обичаи. Ликот шета во различни делови на градот: река, море, театар, хотел. На сите овие локации се прикажани различни видови луѓе и нивни реакции, додека читателот доживува широк спектар на сензации. Херојот на овој роман, всушност, е нереализиран песимист, кој не може да се идентификува во хаотичниот свет што го опкружува…, соопшти издавачот.