Патниот правец Тетово – Попова Шапка е расчистен и сообраќајот се одвива нормално во двата правца.
Како што соопшти АМСМ, поради излевање на реката во село Доброште, во прекин е регионалниот пат Тетово – Јажинце и обратно.
Надојдената вода на Вратничка река, пак, целосно го оштети мостот кој сообраќајно ги поврзува селата горно Орашје и Нераште.
Според АМСМ, сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози.