Ирците лути на Грците: Кој ни прости на нас?

Од:

Дојче веле – Бон

Стопанскиот раст е можен наспроти мерките за штедење, тврди ирската влада и ги повикува останатите да ја следат.

Но, тоа е само една страна од медалот. Ирците се принудени на откажувања, а последните години се иселиле над 100.000 граѓани.

– Тие сакаат да им ги простиме долговите. Кој на нас ни ги прости долговите? Никој. Да ги пуштиме Грците да потонат. Ни тие на нас ништо не ни дадоа – луто зборувал слушателот Лиам кој се јавил на една емисија на ирско радио, пред одлуката за продолжување на помошта на Грција. Поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис токму Ирците ги обвини дека спаѓаат меѓу најлутите непријатели за отписот на долговите на Грците. Обичните граѓани како Лиам објаснуваат зошто.

Штедење поради линија на помал отпор?

Ирската влада, на чие чело од 2011 година е премиерот Енда Кени, земјата цврсто ја држи на курсот на штедење. Даблин од две причини го отфрли отписот на долговите на Грција. На прво место е имиџот на земјата, кој на многумина во Европа служи како пример дека стопанскиот раст може да се оствари наспроти силните мерки за штедење. Втора причина е плод на предизборното тактизирање. За девет месеци во Ирска следат избори, а најголем противник на Кениевата коалиција е токму партијата Шин Фејн која дели слични ставови со грчката Сириза. Посебно кога се во прашање отписот на долговите.

Со други зборови: ако се покаже дека отписот на долговите е подобар рецепт за стопанското јакнење на земјата, за Кени и неговата влада тоа би значело политичка смрт. Пол Марфи, пратеник на ирскиот Сојуз против штедење и заговорник на отписот на долгови, е огорчен поради тврдоглавата политика на својата влада.

– Ако успееше Сириза, тогаш на сите би било јасно дека ирскиот пат за штедење и имиџот на примерен ученик даваат послаби резултати од отворен судир со Брисел – вели Марфи. Вака Кени и понатаму може да ги повикува Грците да го следат ирскиот модел.

И Грците страдаат

И навистина, тоа што Кени минатиот месец го претстави на новинарите во Брисел, звучи како успех. Ирска не го зголеми ДДВ ниту даноците на платите. На прв поглед изгледа дека Ирска успеа. Стопанството расте повеќе од било која друга земја во еврозоната: 4,8 отсто. Стапката на невработеност падна за една третина и сега се движи околу 10 проценти. И внатрешниот долг е драстично намален. Ирска додуша е далеку од вредноста од годините кога важеше за економски тигар, но сепак е на пат за стабилно зајакнување.

Но, успехот има и друга страна на медалот. Кениевата влада во последните пет години даноците ги зголеми за вкупно 28 отсто. Истовремено ги намали државните трошоци за 10 отсто. Најмногу се штедело во секторот за здравство и грижата за лица со инвалидитет. И помошта за невработените драстично е намалена, посебно за младите од 25 години. Според наводите на ирската влада, за нормален живот треба плата од најмалку 11,65 евра по час. Меѓутоа, младите невработени мора да излезат на крај со 100 евра неделно. Многу среќата ја бараат во странство. Во последните пет години забележан е најголем иселенички бран од катастрофалната глад во 19 век, кога голем број Ирци се иселиле во Америка. Од 2011 година се иселиле 112.600 главно млади Ирци.

Константинос Дракакис е претседател на грчката заедница во Ирска. Смета дека политичарите изгубиле контакт со реалноста.

– Живеам во Ирска и ги разбирам принципите на фер плеј кои тука владеат. Можеби Ирците помислија: зошто ние да патиме, а Грците не/ Но, притоа се заборава дека Грците страдаат и тоа поради тоа што не се спроведуваат реформи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Додик: Бараме начин момчињата од Српска да служат војска во Србија, би им дале привилегии

ВИДЕО: Додик запеа по победата на Трамп

Додик: Западот го резервира Балканот за своите цели

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина

Осмооделенец избоде ученичка со нож во училиште во Суботица

Предраг Петровиќ