Во напад врз импровизирана воена база во Алепо убиени 25 сириски бунтовници

Од:

Најмалку 25 сириски бунтовници се убиени во напад врз импровизирана воена база на северот од Алепо, а убиени се и девет армиски војници, соопштија денеска набљудувачите на сирискиот Центар за мониторинг на човековите права.

Тие наведоа дека меѓу погинатите има и тројца високи команданти на бунтовниците.

Сириската агенција САНА пренесе дека„ владините сили убиле и раниле извесен број терористи во западниот дел од градот“.

Како што набљудувачите регистрираа, во западните предградија на Алепо утринава продолжиле спорадичните борби, авионите на регуларната војска бомбардираат, а бунтовниците истрелуваат ракети врз позициите на оние кои се лојални на државниот режим.

Сирија некогаш беше економска сила, а Алепо денеска е град опустошен од борбите и поделен на западен дел, што го контролира власта, и на источен дел, што е под контрола на бунтовниците, пренесуваат француските медиуми.

Би можело да ве интересира

Израел ги гранатираше сириските аеродроми во Дамаск и Алепо

ВИДЕО: Израел повторно го нападна аеродромот во Алепо

ВИДЕО: Израел ги нападна аеродромите во Сирија

Сириската армија воспостави контрола врз северозападниот дел на провинцијата Алепо

А1он

Ватикан: Папата испратил 100.000 евра за сиромасите во Алепо

Наум Локоски

Се слави на улиците на Алепо, откако армијата прогласи целосно ослободување на градот