Премиера на мјузиклот „Декамерон“ во Скопје

Од:

По премиерата на годинашното „Охридско лето“, мјузиклот „Декамерон“ вечер премиерно ќе биде изведен и пред скопската публика во Македонскиот народен театар.

Претставата е копродукција на МНТ и Театарот за деца и младинци, во режија на Боњо Лунгов од Бугарија. Адаптацијата и драматизацијата на текстот е на Иван Теофилов.

Во едно и пол часовниот мјузикл вклучени се 40-ина учесници. Од ансамблот на Театарот за деца и младинци настапуваат актерите: Тања Павловска-Кочовска, Ана Левајковиќ-Бошков, Владимир Лазовски, Предраг Павловски, Марија Ѓорѓијовска, Мики Анчевски, Бојан Кирковски и Емра Куртишова, а од МНТ учествуваат: Јелена Јованова, Арна Шијак, Владимир Јачев, Магдалена Ризова и Славиша Кајевски. Сценограф и костимограф е Дилјана Прванова, а музиката е на Михаил Шишков.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот