Авиоделовите најдени на Реунион веројатно се од исчезнатиот „Боинг“

Од:

Директорот на австралиското Биро за безбедност во авионскиот сообраќај, Мартин Долан за Би-Би-Си изјави дека е „многу веројатно“ оти авионски остатоци што се појавија францускиот остров Реунион во Индискиот Океан, му припаѓаат на исчезнатиот малезиски „Боинг 777“.

– Деловите сега се испитуваат, но најверојатно станува збор за малезискиот авион, затоа што нема регистрано друг случај на исчезнување на „Боинг“ од овој тип, изјави Долан, кој раководеше со австралискиот тим на експерти што трагаа по леталото.

„Боингот 777“ на компанијата „Малезија Ерлајнс“ на почетокот на март минатата година исчезна набргу по полетувањето, заедно со 239 патници и членови на екипажот. Авионот леташе на својата редовна линија од Куала Лумпур за Пекинг.

Малезиските власти сметаа дека, според сигналите на авионот регистрирани од сателит, леталото најверојатоно се урнало во јужниот дел на Индискиот Океан. Потрагата по леталото продолжи сите овие 18 месеци, но во јануари годинава Владата во Куала Лумпур сите патници во исчезнатиот авион ги прогласи за починати.

Во средата делови од авионско крило беа откриени во реонот на западниот Индиски Океан, 4.000 километро подалеку од областа каде што се претпоставуваше дека се урнал авионот.

Француските власти најдените делови ги префрлија на детално испитување во Тулуз во Франција, со цел да се утврди дали тие се од „Боингот“ на „Малезија Ерлајнс“.

Австралиските медиуми откриваат дека вчера „испливале“ и други авионски остатоци, како и еден куфер, а експерти на компанијата „Боинг“ отпатуваат за Европа за да се приклучат на истрагата.

Појавувањето на деловите толку далеку од оновата траса по која авионот требало да лета од главниот малезиски град кон Пекинг, одново ги покрена прашањата за причините за падот на леталото. Дел од меѓународни експерти стравуваат оти можеби не станува збор за навигациска грешка или за технички проблеми со авионот, туку дека пилотите намерно го урнале авионот.

Би можело да ве интересира

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија