Турската полиција трага по маскираниот напаѓач, кој пред два часа отворил оган во пансион во туристичкото место Дуча, на 50 километри од летувалиштето Бодрум, во кој загина едно лице, а најмалку двајца се ранети, информираат турските медиуми.
Напаѓачот од местото на убиството избегал со автомобил.
Според медиумите, станува збор за расчистување на сметки заради долгови.
Сопственикот на пансионот седел во градината од пансионот со своето семејство, кога се појавил маскираниот напаѓач и почнал да пука.
Според неофициални информации, убиен е синот на сопственикот.