(ВИДЕО) СДСМ: Власта да ги обесштети сите хонорарци

Од:

Под притисок на изборите или од страв, власта на Груевски ги повлече неуставните закони за хонорарците. Упорноста и истрајноста на граѓаните е за почит и покажува дека само така се менуваат работите, рече Мила Царовска, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.

Заедно со граѓаните, во изминатите 7 месеци укажувавме на нелогичноста на овие законски измени и вчерашниот владин потег го потврди тоа.

Не го прифаќаме оправдувањето на Ставрески за повлекувањето на законските решенија, но се согласуваме со Ставрески дека навистина “се исцрпени ефектите“ од нелогичноста на законите.

За изминатите 7 месеци:

• Голем број граѓани добија помали хонорари и повторно останаа без здравствено и социјално осигурување,
• Законот ги обврза граѓаните да плаќаат два пати за едно исто право, здравствено осигурување, и повторно и повторно да плаќаат за истото право, без притоа да добијат услуга повеќе,
• Измените на законот беа донесени да ги наполнат празните буџети на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравствено осигурување.
По признанието на Владата на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, бараме власта да ги обесштети сите граѓани кои досега уредно си ги плаќаа наметнатите придонеси за хонорарците.
Го повикуваме Уставниот суд конечно да се произнесе дека овие законски измени беа противуставни.

Сите граѓани кои имаат потреба од правна помош за остварување на нивните права слободно можат да ни се обратат.
Ова нека биде поука дека во сите процеси на носење нови законски решенија, мора да се вклучат граѓаните кои се засегнати, уште во подготовката, затоа што само таквите закони може да обезбедат правна сигурност.

Сите досега направени измени од страна на оваа власт, на сите закони од доменот на трудово право, се на штета на работникот.
Полека но сигурно доаѓа времето кога Груевски и ВМРО-ДПМНЕ мора да понесат одговорност за погрешните политики со коишто директно ги осиромашија граѓаните.

Би можело да ве интересира

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село

Горан Наумовски

СДСМ: Анализа на водата во Гостивар дури на 20 август, а дотогаш народот нека се труе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ: Во Ново Село организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите – затоа што се плашат од вистината!

Горан Наумовски

СДСМ: Славески и Мицкоски велат имаме најдобра куповна моќ – граѓаните гледаат во фрижидерот и се прашуваат каде живеат