МВР: Нема повредени во денешната експлозија во Скопје

Од:

Полицијата извести дека десет минути после попноќ во непосредна близина на Секторот за внатрешни работи на Скопје слушната е експлозија, по што од страна на вработените во Центарот за известување и команда веднаш биле известени надлежните служби.

Од експлозијата на бомбата нема повредени лица оштетени се три прозорски стакла од зградата на полицијата и на неколку возила кои биле паркирани на паркинг просторот.

„На местото на настанот излезено е од страна на полициски службеници од СВР-Скопје, како и полициски службеници од Одделот за антитероризам. Извршен е увид подигнат е предметен материјал и истиот е предаден за вештачење. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, се вели во полициското известување.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи