Тимот на Бостон Селтикс славеше со 93:91 против Мајами Хит по продолжение и израмни на 2-2 во финалето на Источната конференција во НБА лигата.
Бостон во првото полувреме на моменти водеше и со +18, но гостите се разбудија во вториот дел и во последната четвртина успеаја дури и да поведат.
Двејн Вејд имаше и шут за победа но не погоди и натпреварот во регуларниот дел заврши со 89:89, а во продолжението од пет минути двете екипи постигнаа вкупно шест поени. Кошаркарите на Мајами постигнаа само два поени, а домаќините два повеќе што беше доволно за победа од 93:91.
Најефикасен кај Бостон беше Пол Пирс со 23 поени но најзаслужен за победата беше Рондо со 15 поени и асистенции, а Леброн Џејмс постигна 29 поени за Мајами.
Финалната серија сега се враќа во Мајами каде ноќта помеѓу вторник и среда ќе се одигра петтиот натпревар.