Јаневиќ: ЛДП сериозно загрижена за здравјето и безбедноста на работниците од објектите на Скопје 2014

Од:

Либерално-Демократската партија изразува сериозна загриженост за здравјето и безбедноста на работниците кои работат на владини проекти, за потребите на Скопје 2014.

“На температури од над 40 степени во сенка и околу 50 степени на вжешетениот асфалт, безмилосно се експлоатира трудот на градежните работници за потребите на Скопје 2014. Налогодавачот на овој проект, кој се претвори во бунар без дно за парите на македонските граѓани, нема никаква милост за здравјето и безбедноста за градежните работици кои работа на него. Имено и покрај забраната за работа на отворено во периодот од 12 до 17 часот, издадена од Владата, работниците во центарот на Скопје неуморно работат под пеколното сонце. По којзнае кој пат се покажува лицемерноста на оваа Влада која не си ги почитува сопствените препораки за забрана на работа на отворено во најтоплиот период од денот. Ако оваа забрана не се почитува од фирмите кои се агажирани од Влада, која всушност и ја издаде оваа препорака, тогаш што да се очекува од останатите правни субјекти и нивниот третман кон градежните работници“, посочи на денешната прес конференција, портпаролот на Либерално-демократската партија, Филип Јаневиќ.

Либерално -Демократската Партија ја повикува Владата во заминување веднаш да почне да си ги применува своите препораки и да преземе мерки за стопирање на работата на отворено, посебно на оние градежните работници кои работат на проекти финансирани од буџетот на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство