Договор за избрана мерка за вработување во Скопје

Од:

Во Центарот за вработување на град Скопје денеска ќе биде потпишан договор за избрана мерка за вработување во Скопје која ќе се спроведува во рамки на твининг проектот финансиран од ЕУ „Поддршка на Агенцијата за вработување за спроведување на активни мерки на пазарот на трудот и услуги“.

Твининг проектот го финансира развојот и спроведувањето на активни мерки на пазарот на труд во четири региони во земјата – Битола, Куманово, Тетово и Скопје; секоја мерка добива финансиска поддршка во износ до 10 000 евра.

– Општата цел кон која ќе придонесе избраната мерка во Скопје е намалување на невработеноста, особено кај невработените жени. Специфичната цел е зајакнување на вработливоста на учесниците во пилот-мерката, како и зголемување на мотивираноста за претприемништво и/или самовработување. Проектот ќе даде особен придонес кон комбинирање на македонскиот дизајн, занаетчиското знаење и претприемништвото, со што ќе може да бидат создадени нови работни места, соопшти Агенцијата за вработување на РМ.

Оперативни цели се: Изведување програма за обука за плетење и везење, особено за долгорочно невработени жени; Овозможување активности на обука и советување во поглед на дизајнирање елементи, претприемништво и самовработување и создавање на нови работни места; Зајакнување на вработливоста на обучените лица. Обуките ќе се изведуваат во текот на три месеци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски