Селекторот на Мексико, Мигел Херера го удрил коментаторот на „ТВ Ацтеки“ Кристијан Мартиноли незадоволен од критиките упатени кон него за време на Голд Куп.
Како што објави агенцијата „АП“, инцидентот се случил на аеродромот во Филаделфија по финалниот натпревар на континенталниот шампионат каде Мексико ја совлада Јамајка со 3:1 и ја освои рекордната седмата титула.
Мартиноли изјави дека Херера се залетал кон него и го удрил барајќи да се пресметаат надвор од аеродромот.
Херера посакал уште еднаш да го удри, но меѓу нив двајцата застанал друг спортски коментатор.
Селекторот на Мексико е познат по своите бурни реакции и изразување емоции за време на натпреварите.