Книжевна вечер посветена на Дурацовски и Галевски

Од:

Во клубот „Синема„ во Струга, вечерва, во 20,30 часот ќе се одржи прозна вечер посветена на делата „ Бледи сенки, далечни гласови“ од Димитрие Дурацовски ( Магор,2014) и „ Исповедни финеси“ од Влатко Галевски ( ИЛИ-ИЛИ, 2014).

За книгите ќе зборуваат Оливера Ќорвезировска и Ферид Мухиќ.

duracovski (2)„Романот „ Бледи сенки, далечни гласови“ од Димитрие Дурацовски. добитник на Рациново признание за 2015 г.се издвојува со својата иновативна авторска постапка во која се содржани неколку битни елементи. Од една страна се забележува преплет на различни жанровски модели, вкрстосување на интимен поттекст и обраќање со ангажиран однос кон актуелната општествена ситуација. Од друга страна во ова дело оживуваат на суптилен начин незаборавните бледи сенки и далечни гласови иод интимното и колективното минато во кое секој може да се препознае“, пишува Паскал Гилевски.

vlatkogalevskiДодека за книгата на Галевски, Ферид Мухиќ пишува: „Со „Исповедни финеси“ Влатко Галевски формулира едно апсолутно исклучително и исто толку потребно стојалиште на обновен респект за автентичноста на нашиот сопствен живот. Длабоко сум убеден дека книгава што ја држите во рацете спаѓа во онаа хуманистички инспирирана и естетски афирмирана литература од рангот на Саројан, Селинџер, Ефраим Кишон, а којашто одигра витална улога во самопочитување на цели генерации“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска