Нов случај на оштетено возило на македонски државјани во Грција

Од:

Граничната полиција евидентираше нов случај на оштетување возила на македонски државјани кои летувале во Грција, со што вкупниот број на оштетени возила за оваа година до сега изнесува пет, соопшти денеска МВР.

На ГП „Богородица“ на 25 јули (сабота) е пријавено оштетување на патничко моторно возило марка „Опел Астра“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од лицето С.П. од Куманово. Возилото било оштетено така што е изгребано од двете страни со повлекување линија од предно лево крило, предна и задна лева врата и задно лево крило, предно десно крило, предна и задна десна врата и задно десно крило. Изгребана е ознаката МКД која била залепена на левата задна страна над штопот.

Настанот се случил во местото Калитеа и истиот не е пријавен во грчката полиција.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи