Четири лица повредени во сообраќајка на патот Неготино – Кавадарци

Од:

Четири лица се здобиле со телесни повреди во синоќената сообраќајна несреќа на регионаниот пат Неготино – Кавадарци, кај меснота „Криво мовче”.

Како што потврдија утринава од полицијата за МИА, во несреќата учествувале три возила од кои две патнички и едно товарно.

– Сообраќајката се случила околу 20:30 часот. Поради недржење на правец и страна на движење, патничко моторно возило „Фолксфаген голф” удрило во товарно моторно возило влекач „Ман” со полуприколка и патничко моторно возило “Опел корса”, кои му доаѓале од спротива. Повредени се двајца патници во голфот и исто толку во опелот корса, соопшти Дејана Недељковиќ, советник за односи со јавност при Секторот за односи со јаност во МВР на РМ.

Увид на лице место извршила екипа на полициското одделение за безбедност во патничкиот сообраќај Неготино, по овластување на јавното обвинителство од Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа кај Камењане, осум лица повредени

Тројца повредени во сообраќајка на патот село Караорман – Штип

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на регионалниот пат село Караорман – Штип

Петмина повредени во сообраќајка на автопатот Скопје – Велес

Струмичанец e тешко повреден во несреќа кај кавадаречкото село Марена

Горан Наумовски

Две лица повредени во сообраќајна несреќа на скопската обиколница