Коњицата „Бигорски манастир-Патот на Црешовото Топче” тргна кон Крушево

Од:

Двесетина почитувачи на вредностите од Илинденската епопеја, облечени во комитска облека на коњи од гостиварско Зубовце тргнаа кон Крушево. Тие се дел од иницијативата на неколку здруженија во Македонија, кои со традиционалните маршеви се приклучуваат кон свеченостите на Мечкин Камен по повод „Десет дена Крушевска Република“.

Утрово по литургијата во манастирот „Св.Јован Бигорски“ и благословот на игуменот Партениј, коњицата својот марш ќе го продолжи по патот, по кој биле носени црешовите топчиња изработувани во ова светилиште, како поддршка на илинденските востаници.

– Традиционално, по литургијата и примениот благослов од игуменот на Бигорскиот манастир, Партениј симболично ќе биде положена комитска заклетва, по што коњаниците ќе продолжат за Крушево, по патот по кој биле пренесени црешовите топчиња, информираат од здружението „Бигорски манастир-Патот на Црешовото Топче“.

Според записите од манастирската историја, во 1903 година манастирот служел во подготовката на комитетите, а во манастирот бил изграден склад за оружје. Монасите Гаврил Карапела и Гаврил Руснак со помош на Никола и кираџијата Секула направиле две топчиња. Браќата Канчески ги натовариле топчињата на коњи и ги пренеле преку Бистра до определеното место над село Душегубица-Кичевско. Со едно од двете топчиња, вечерта пред Илинден бил испукан првиот истрел што го означил почетокот на Илинденското востание. Во манастирот биле изработени уште три топчиња.

Маршот на коњаницата „Бигорски манастир-Патот на Црешовото Топче“ првпат се одржа пред шест години, како иницијатива на група граѓани ентузијасти и поддржувачи на револуционерното минато. Формирано е здружение „Бигорски манастир-патот на Црешовото топче”.

Коњаницата се поклони на загинатите полицајци кои животите ги загубија во акцијата во Куманово и оваа година овој коњички марш го посветуваат токму за нив.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Нашето востание не се пушката и Црешовото топче, туку одговорноста да се создаде семејство и да се воспитуваат одговорни поколенија

А1он

Сиљановска-Давкова: Државата се чува со вложување во младите – никој нема право да ја ревидира нашата национална историја

А1он

Левица: Во изминатите три децении и СДСМ и ДПМНЕ постепено ја испразнија и обезличија асномската идеја

А1он

Ахмети: Наместо партнерство, повторно се враќа логиката на доминација

А1он

Мицкоски: Денес се одбележува споменот за времето кое не се мери со години, туку со идеали, со жртви, со соништа!

А1он

(ВИДЕО) Филипче од Крушево: Македонија не смее да биде држава во која водата за пиење е опасна

А1он