Медведев ја повика Европа на зачувување на пријателството со Русија

Од:

Рускиот премиер Дмитриј Медведев ги повика денеска европските лидери да сторат се за да го зачуваат пријателството со Русија, јави Танјуг.

Медведев ја почна денеска официјалната посета на Словенија, каде присуствуваше на свеченоста кај Руската капела на планинскиот премин Вршич, на Јулиските Алпи, каде за време на Првата светска војна загинале над 300 руски воени заробеници.

– Самиот факт дека на денешната церемонија се присутни и Словенци и Руси го покажува продолжувањето на пријателството и прекрасната традиција, која го докажува посебниот однос меѓу народите на нашите држави, рече Медведев.

– Политичарите, сите кои носат одлуки во нашите држави, треба да сторат се ова пријателство да продолжи, бидејќи тоа е она што луѓето го сакаат, рече Медведев.

Медведев рече дека соработката меѓу Русија и Словенија се развива, и им заблагодари на „сите пријатели во Словенија“ за „искреното почитување кон руските војници кои овде се погребани“.

Би можело да ве интересира

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Алаудинов: Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација

Најмалку осум лица се повредени во руските напади на Запорожје во Украина