Спречен оружен грабеж на бензинска пумпа во Куманово

Од:

Припадници на полицијата спречија обид за оружен грабеж на бензиската пумпа „Твинс Петрол“ во Куманово.

Како што соопшти МВР, утринава околу 4 часот во бензиската пумпа „Твинс Петрол“ двајца маскирани сторители извршиле разбојништво во обид над вработената.

– Откако влегле во бензиската пумпа, едниот од нив извадил пиштол, со кој и се заканувал на вработената. Бидејќи на наведената бензинска пумпа веќе неколку пати има извршено разбојништво со закана со огнено оружје, полициски службеници од станицата од Куманово биле во заседа, пришто во моментот кога ги забележале сторителите, ги предупредиле да се предадат. Еден од сторителите со пиштолот во рака се свртел кон полициските службеници, по што истите испукале најпрво во воздух, а потоа неколку истрели кон сторителите, се наведува во соопштението.

Според полицијата, сторителите во тој момент се дале во бегство, но едниот од нив од здобиените повреди паднал, а другиот побегнал.

– По извршениот разговор со повредениот сторител, констатирано е дека станува збор за Б.Х.(19) од село Синѓелиќ. Вториот сторител побегнал од местото на настанот со возило. По укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар Куманово, Б.Х. бил пренесен во Клиничкиот центар Скопје. Увид на лице место извршиле Јавен обвинител и увидна екипа пришто бил пронајден и подигнат за вештачење еден пиштол, се вели во соопштението на МВР.
Од Министерството информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Седум жени загинале како последица на семејно насилство и во 2022 и во 2018 година, а не се барала оставка од министер за внатрешни

А1он

Приведено 87-годишно лице кое возеше во спротивна насока на булеварот Партизански одреди

МВР апелира до родителите и јавноста: Препознајте ја опасноста од групата „764“ – заштитете ги децата

(ФОТО) Левица: Полициско насилство врз малолетници во Охрид – Tошковски молчи

А1он

Две верзии за целта на планираниот атентат во Грција: Ирански дисидент или израелски државјанин

Горан Наумовски

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он