Владиното Роуд шоу во Скандинавските земји

Од:

Владиното Роуд шоу од денеска до петок е во Шведска, Финска, Норвешка и Данска. Премиерот и неговиот тим ќе остварат средби на највисоко политичко ниво, како и бизнис презентации на Република Македонија пред повеќе заинтересирани инвеститори од овие земји.

За време на престојот во Стокхолм, Хелсинки, Копенхаген и Осло владиниот економски тим ќе присуствува на бизнис форуми на кои ќе ги претстави економските и инвестициските потенцијали на Република Македонија пред повеќе шведски, фински, дански и норвешки компании, а предвидено е одржување и на поединечни средби со претставници на потенцијални инвеститори од овие земји.

Како што соопшти владината прес служба, за денеска во Стокхолм предвидено е средба со премиерот на Кралството Шведска, Фредрик Рајнфилд.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада