Непознати сторители со употреба на предмет и физичка сила влегле во црквата во село Сретково, Гостиварско. Крадците извршиле пребарување и одзеле 500 денари.
Како што информира денеска МВР, кражбата се случила во периодот од 19 до 24 јули годинава.
По овластување на Јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.