Седмо издание на „Крушево-етноград“

Од:

Седмото издание на манифестацијата „Крушево-етноград“ ќе биде отворено вечер на градскиот плоштад во Крушево. Проектот „Етноград“ опфаќа изложби меѓу кои за филигран од срма на Флора Педрони, презентација на домашни и еколошки производи и концерти на познати групи.

Според градоначалникот на Крушево Ѓорѓи Дамчески, градот ќе живее со историските и културните традиции на кои, како што рече, крушевчани облечени како комити и Турци чорбаџии ќе ги потсетуваат посетителите.

– Пред седум години првпат го кренавме „Првото туристичко востание на Балканот“. Наместо топовите, грмнаа тапаните, наместо лелекот, писнаа зурлите. Комитите и аскерот го положија оружјето и седнаа заедно на маса да пијат кафе. Сиромашните и чорбаџиите заедно се насладуваа со вкусните крушевски јадења, народот илезе на улица и ја сардиса чаршијата. Крушевскиот „Етноград “ е манифестација со која Крушево стана препознатлив туристички бренд и неизбежен дел од туристичката понуда во Македонија, изјави Дамчески.
Според градоначалникот Дамчески, сите капацитети се пополнети и се очекуваат голем број туристи.

– Крушево ја збогати туристичката понуда со културните манифестации, со првенствата во параглајдерство, во планинарство и едноставно е место каде посетителите сакаат да го поминат летото и да побегнат од горештините, потенцира Дамчески.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Параглајдеристот кој имаше несреќа во Крушево заминува дома

Повреден параглајдерист во Крушево, се пренесува со полициски хеликоптер

Крушево: Отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“

За Илинден до Крушево да се користат патните правци преку Битола и Кичево

Во Илинденско Крушево пристигнаа повеќе од 150 коњаници

Уапсен 73-годишен маж од Крушево – дома му нашле дрога, оружје и пари